Почитувани сограѓани од исламска вероисповед, во Светиот месец Рамазан, на сите вас ви посакувам лесни пости, духовно здравје, мир и благосостојба во домовите и семејствата.
Рамазанските пости, кои и оваа година се одвиваат во услови на светска пандемија со вирусот Ковид-19, нека бидат поттик за верба во милосрдието, солидарноста, љубовта и почитта кон другите, како највисоки вредности на човештвото.
Со почитување на мерките за заштита од најголемото зло на денешницата, коронавирусот, да продолжиме да се грижиме за сопственото здравје и здравјето на нашите најблиски. Само со заеднички напори, ќе ја победиме пандемијата и ќе создадеме услови за чествување на празниците, согласно обичаите и традициите.
Нека е честит и за многу години Светиот месец Рамазан.