Почитувани,
Во мое лично име и во име на Општина Прилеп, на сите наши сограѓани со
исламска вероисповед им го честитам големиот верски празник Курбан Бајрам.
Празникот на солидарноста и хуманоста, празникот на споделувањето и
опростувањето, отсекогаш бил еден од основните темелници на нашата
вековна традиција на соживот и меѓусебно почитување.
Во тој дух, ви посакувам празничните мигови да ги поминете во мир и
благосостојба, во добро здравје и убаво расположение, исполнети со многу
љубов и радост во вашите домови и семејства.
Нека е честит Курбан Бајрам.