Денеска го славиме делото на основачот на првата Охридска книжевна школа, првиот македонски архиепископ и родоначалник на македонската и сесловенската литература – Св. Климент Охридски, кое е од епохално значење не само за нас, туку и за поширокиот Балкански и Европски регион.
Неговата неуморна и благородна работа во областа на литературата, преведувањето, описменувањето и просветлувањето на човештвото, претставува светол пример за вистинско човекољубие и нѐ обврзува сите нас, да го следиме патот на солидарност и хуманост, на меѓусебното разбирање, почитување и помагање.
На сите граѓани им посакувам убав празничен ден, исполнет со мир и хармонија во домовите и семејствата.
Нека ни е честит и за многу години празникот.