Почитувани граѓани на херојски Прилеп,
Со екот на првите востанички пушки во предвечерието на 11 октомври 1941 година, нашите храбри и пожртвувани борци испишаа уште една светла страница од македонската историја, а денес секој граѓанин на Прилеп со право се гордее на епитетот Град Херој – првобороец.
Денот на народното востание, 11.Октомври, е олицетворение на вековниот идеал на нашите предци за самостојна и слободна македонска држава, ден кога го славиме стремежот за слобода и правда на сите граѓани на нашата земја.
Жртвата на илјадниците знајни и незнајни борци со која беше исполнет патот до остварувањето на конечната слобода, останува вечен потсетник за сегашните и идните генерации дека мора да си ја сакаме државата и да градиме просперитетна и подобра иднина за новите генерации.
Денес, како земја членка на НАТО која одлучно чекори и на патот кон полноправно членство во ЕУ, продолжуваме да обезбедуваме сигурност, стабилност, просперитет и европски стандард за идните поколенија.
Нека е вечен споменот на хероите и нека ни е честит 11.Октомври, Денот на народното востание!