Боеви гаѓања на стрелиштето „Леково“

Во рамките на планските активности на Министерството за одбрана, во четврток
на 30.05.2019 година, во периодот од 08.00 часот до 16.00 часот, на гарнизонското
стрелиште „Леково“ – Прилеп, ќе се изведуваат боеви гаѓања од пешадиско
вооружување.


Од тие причини, се известуваат граѓаните во наведениот датум, реон и време, да
не изведуваат дополнителни активности, за да не дојде до несакани последици.