Барање за Б – интегрирана еколошка дозвола

ОПШТИНА ПРИЛЕП

ОБЈАВУВА

Барање за Б – интегрирана еколошка дозвола

Согласно член 122 став 1 од Законот за животна средина („Службен весник на Р.М.“ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), до Градоначалникот на општина Прилеп доставено е барање за издавање на Б – интегрирана еколошка дозвола бр.10-1519/1 од 18.05.2022 година.

Подносител на барањето:

ЗД „Печатница 11 ОКТОМВРИ“ АД Прилеп

Адреса на локацијата:  ул.„Ладо Лапецот“ бр.100 Прилеп

Категорија на инсталација:

Прилог 2. Точка 6. Останати активности, подточка 6.7. Инсталација за површинска обработка на материјали, предмети или производи во кои се користат бои, органски растворувачи, пред се за печатење, со капацитет на потрошувачка од 10 до 150 кг/т (Сл.весник 89/05).

Барањето за Б – интегрирана еколошка дозвола во печатена форма, ќе биде достапно на заинтересираната јавност во рок од 15.06.2022 год. до 14.07.2022 год. во просториите на:

Општина Прилеп

Ул.Прилепски бранители  бр.1

Секој работен ден од 09:00 до 13:00 часот

Секторот за Урбанизам, Комунални работи и заштита на животна средина

 

Ве информираме дека Барањето за Б – интегрирана дозвола ќе биде достапно и во електронска форма на официјалната web страница www.prilep.gov.mk  на општина Прилеп.

Информации во врска со барањето заинтересираната јавност може да се добие во општина Прилеп. Сите засегнати правни и физички лица во рок од 30 дена од денот на објавувањето на барањето имаат право да достават мислења и коментари во писмена форма до општина Прилеп, ул. Прилепски бранители бб, 7500 Прилеп.

Општина Прилеп                                        

 Градоначалник     Борче Јовчески

Aplikacija-april-2022

Општина Прилеп објавува (1)