Барање за Б-интегрирана еколошка дозвола

ОПШТИНА ПРИЛЕП

ОБЈАВУВА

Барање за Б – интегрирана еколошка дозвола

Согласно член 122 став 1 од Законот за животна средина („Службен весник на Р.М.“ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), до Градоначалникот на општина Прилеп доставено е барање за издавање на Б – интегрирана еколошка дозвола бр.10-1016/1 од 07.11.2018 година.

Подносител на барањето:

ДППУ „Лазароски УНИМАРБЛЕ“ увоз-извоз ДОО Прилеп

Адреса на локацијата:  ул.“Ладо Лапецот“бр.15/б Прилеп

Категорија на инсталација:

Прилог 2, Точка 3.Индустрија на минерали, подточка 3.2. Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење и загревање на минерални суровини.

Барањето за Б – интегрирана еколошка дозвола во печатена форма, ќе биде достапно на заинтересираната јавност во рок од 15 дена во просториите на:

Општина Прилеп

Ул.Прилепски бранители  бр.1

Секој работен ден од 09:00 до 13:00 часот

Секторот за Урбанизам, Комунални работи и заштита на животна средина

Ве информираме дека Барањето за Б – интегрирана дозвола ќе биде достапно и во електронска форма на официјалната web страница www.prilep.gov.mk  на општина Прилеп.

Информации во врска со барањето заинтересираната јавност може да се добие во општина Прилеп. Сите засегнати правни и физички лица во рок од 30 дена од денот на објавувањето на барањето имаат право да достават мислења и коментари во писмена форма до општина Прилеп, ул. Прилепски бранители бб, 7500 Прилеп.

Општина Прилеп

Градоначалник Борче Јовчески

 

Барање за Б-интегрирана.pdf

Дополнување кон барање

Барање за Б-Интегрирана.docx