Барање за Б – интегрирана еколошка дозвола

ОПШТИНА ПРИЛЕП

ОБЈАВУВА

Барање за Б – интегрирана еколошка дозвола

 

Согласно член 124 став 1 од Законот за животна средина (Сл. весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и 89/22), до Градоначалникот на Oпштина Прилеп доставено е барање за издавање на Б–интегрирана еколошка дозвола бр.10-2628/1 од 29.12.2023 година.

Подносител на барањето:

Друштво за производство, трговија на големо и мало АРИНИ ФЕШН Василопулос Георгиос ДООЕЛ увоз-извоз Прилеп-подружница АРИНИ ФЕШН 2

Површински коп за оникс и травертин локалитет “Гулабова Пештера” с.Бешиште, општина Прилеп

Адреса:  ул.„Леце Котески“бр.27  Прилеп

 

Категорија на инсталација:

Прилог 2, Точка 3 – Индустрија на минерали, Подточка 3.2 Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини, доколку не се опфатени со Прилог 1  согласно Уредбата за определување на активностите на инсталациите за кои се издава интегрирана еколошка дозвола односно дозвола за усогласување со оперативен план и временски распоред за поднесување на барање за дозвола за усогласување со оперативен план (Сл.весник на РМ бр.89/05)

 

Барањето за Б – интегрирана еколошка дозвола во печатена форма, ќе биде достапно на заинтересираната јавност во рок од 15 дена во просториите на:

Општина Прилеп

Ул.Прилепски бранители  бр.1

Секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот

Одделение за урбанизам и заштита на животна средина

 

Ве информираме дека Барањето за Б–интегрирана дозвола ќе биде достапно и во електронска форма на официјалната web страница www.prilep.gov.mk  на Општина Прилеп.

Сите засегнати правни и физички лица може да достават писмен коментар во однос на поднесеното барање за Б-ИЕД. Коментарите треба да се достават до Одделението за урбанизам и заштита на животната средина во Општина Прилеп на горе наведената адреса во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Барањето за БИЕД .

Општина Прилеп     

Градоначалник  Борче Јовчески

Општина Прилеп објавува Барање за Б-ИЕД

Арини Фешн Барање за БИЕД