Барање за доставување на предлози за доделување на 3-то ноемвриски награди и признанија

По повод одбележувањето на празникот на Општина Прилеп 3-ти Ноември, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, традиционално секоја година доделува општински награди и признанија “3-ти Ноември” како и награда за животно дело.

Овие признанија и награди се доделуваат на физички и правни лица за достигнувања во општествениот, стопанскиот, културно-уметничкиот и политичкиот живот.
Предлог за доделување награди и признанија можат да дадат претпријатија, здруженија и граѓани како и други субјекти.

Поради новонастаната состојба со КОРОНАВИРУСОТ (COVID -19), предлозите се доставуваат по пошта со назнака до Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на Општина Прилеп,-Општина Прилеп на адреса ул.,,Прилепски бранители’’ бр.1-Прилеп, почнувајќи од денес (30.09.2020 год) до 24.10.2020 година.

Предлозите треба да бидат образложени, аргументирани и да ги задоволуваат критериумите за посебни достигнувања во Општината во соодветната област, за периодот од 3-ти Ноември 2019 година до денес, односно за животно дело на кандидатот, кој подолг период впечатливо е присутен со значајни остварувања во својата област.

ПРЕТСЕДАТЕЛ на Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија
Тони Камчески