Барање за доставување на предлози за доделување на 3-то ноемвриски награди и признанија

По повод одбележувањето на празникот на Општина Прилеп-3 Ноември, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, на денешната седница одлучи да се продолжи рокот за доставување на предлози на претходниот повик бр.35-1749/1 од 22.09.2017 година, почнувајќи од денес (31.10.2017 год) до четврток (02.11.2017 год) до 11 часот.

Предлозите се доставуваат до Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на Општина Прилеп, на приемното одделение во новата општинска зграда или на адреса ул.,,Прилепски бранители’’ бр.1-Прилеп.

Овие признанија и награди се доделуваат на физички и правни лица за достигнувања во општествениот, стопанскиот, културно-уметничкиот и политичкиот живот.

Предлог за доделување награди и признанија можат да дадат претпријатија, здруженија и граѓани како и други субјекти.

Предлозите треба да бидат образложени, аргументирани и да ги задоволуваат критериумите за посебни достигнувања во Оптината во соодветната област, за периодот од 3 Ноември 2016 година до денес, односно за животно дело на кандидатот, кој подолг период впечатливо е присутен со значајни остварувања во својата област.

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМИСИЈАТА
Тони Камчески