Аплицирајте за учество во работилницата за финансиска поддршка од ЕУ на 04 септември во Општина Прилеп

Дознајте повеќе за можностите за финансирање што ги нуди Европската Унија или пак, сретнете се со Н.Е. Ренате Коблер, амбасадор на Република Австрија и тимот на Делегацијата на ЕУ и разговарајте со нив за поддршката на ЕУ во општина Прилеп.

Од 10:30 до 13:30 часот, големата сала на Општина Прилеп – работилница за финансиската поддршка, која ја овозможува ЕУ. Господинот Никола Бертолини, раководител на секторот за соработка на Делегацијата на Европска Унија ќе ги претстави можностите за финансирање што ги нуди ЕУ и начините како да се користат.
Пријавете се на www.euic.mk/eurabotilnici или на бесплатниот телефонски број 0800 88888.

Од 18:30 до 20:00 часот, „Alfa 1 Urban Food“, Прилеп – Средба со Н.Е. Ренате Коблер, амбасадор на Република Австрија, актуелна земја претседавач со Европската Унија, на која ќе можете да разговарате со неа на тема: Одржливо земјоделство.
Пријавете се на http://www.euic.mk/eusredbi или на бесплатниот телефонски број 0800 88888.

ЗАМИСЛИ ИДНИНА ЗАЕДНО!
ЕУ за тебе!