Вицепремиерот Кочо Анѓушев денеска во Прилеп, истакна дека две странски компании се заинтересирани за преземање и инвестирање во фабриката за наменско производство „Еурокомпозит“, прилепски загубар со околу 250 вработени. Според випремиерот Анѓушев процесот за трајно решение на проблемот со „Еурокомпозит“ се одвива во две фази. Колку што е битно странскиот инвеститор да вложи во фабриката, нова технолошка линија и вработи нов, млад стручен кадар, толку е битно на вработените да им се исплатат сите заостанати плати и придонеси.
„Знам дека процесот некому му изгледа спор. Но, секогаш сум приврзаник процесот да се води квалитетно и да даде извесна иднина. Гледам инвеститорите да се подготвени, да направат нови производни линии со луѓето коишто се останати во Еурокомпозит. За нив да обезбедат работа, но не на постојната технологија и со постојниот машински парк којшто е сериозно застарен, туку со комплетно нова технологија што ќе ја инвестираат и ќе мора да вработуваат одреден број вработени, од други струки, помлади луѓе на работни места што ќе бидат таму потребни“; рече Анѓушев