Активноста на УСАИД Партнерства за економски раст (2023-2028) ќе ја промовира својата програма во големата сала на советот на Општина Прилеп. Активноста соработува со партнери (компании, организации за поддршка на бизниси, едукативни центри итн.) со цел да гo зголеми растот, вработувањата и продуктивноста на микро, малите и средните претпријатија (ММСП) во Македонија преку:
• Вложување (ко-инвестирање) – средства, експертиза и технологии – со компании, центри за едукација и организации за поддршка на бизниси, во активности насочени кон зголемување на продуктивноста, подобрување на упраправувањето и развој на вештините на работната сила во ММСП;
• Зголемување на употребата на достапни комерцијални и алтернативни извори на финансирање;
• Подобрување на подготвеноста на ММСП за инвестирање;
• Обезбедување на насочена поддршка на ММСП во застапување и лобирање за прашања кои се од посебен интерес за нив, преку платформата за јавно-приватен дијалог. Во партнерство со локална организација, Активноста исто така ќе се работи на олеснување на постоечките трговски бариери и ограничувања со цел да се изгради погодна средина за регионална-економска трговија и интеграција.
За таа цел би сакале да ги поканиме приватниот сектор, организации за поддршка на бизниси (комори, акселератори, центри за едукација итн.), консултанти и останати засегнати страни од Пелагонискиот плански регион да присуствуваат на промоцијата. Истите ќе имаат можност подетално да се запознаат со програмата на Активноста и да остварат контакт/можност за соработка со претставници кои работат на нејзино спроведување.