Комисијата за општествени дејности и заштита на правата на децата при Советот на
Општина Прилеп распишува повик за предлагање на кандидати за членови на Советот
на млади на Општина Прилеп.
Советот на млади во Општина Прилеп е тело кое има основна цел за активно
вклучување на младите во јавниот живот во Општина Прилеп.
Советот на млади на Општина Прилеп брои 9 членови.
Мандатот на избраните кандидати за членови на Советот на млади на Општина Прилеп
е во максимално времетраење од 4 години без можност за повторен избор.
Право на предлагање на кандидати за членови во Советот на млади имаат: младински
невладини организации и здруженија на млади, ученички совети, студентски совети и
други регистрирани облици на организирање на младите.
Изборот на кандидати го врши Комисијата за општествени дејности и правата на
децата во соработка со Комисијата за мандатни прашања избор и именување.
Кандидатите мора да ги исполнуваат следните услови:
Постојано место на живеење на територијата на Општина Прилеп;
Старосна граница од 15 до 30 години;
Претходно искуство во организирање и спроведување на активности на млади;
Учество во различни типови на неформално образование (обуки, семинари,
работилници и др.);
Минимум 6 месеци членување во организацијата – предлгач;
Минимум 1 година постоење на организацијата – предлагач.
Пријавувањето се врши со поднесување на следните документи:
Пополнување на СМ-1 (Образец – Предлог Кандидат за член на Советот на
млади на Општина Прилеп);
Пополнување на СМ-2 (Образец – Согласност за прифаќање на кандидатурата
за член на Советот);
Кратка биографија на кандидатот (CV);
Извод од матична книга на родените (копија);
Тековна состојба од Централен Регистар на предлагачот (копија);
Потврда за членување на кандидатот во организацијата – предлагач;
Доказ за учество на обуки, семинари и работилници (копија);
Дополнителни сертификати и признанија ќе се сметаат за предност (копија).
Документите мора да бидат потпишани и заврени од страна на овластеното лице на
институцијата која го предлага членот:
За кандидатите норминирани од здруженија на граѓани, образецот СМ-1 треба
да биде потпишан и заверен од страна на застапникот на здружението;
За кандидатите номинирани од ученички совети, образецот СМ-1 треба да биде
потпишан од страна на директорот и заверен од страна на образовната
институција;
За кандидатите номинирани од страна на студентски парламент, образецот СМ-
1 треба да биде потпишан и заверен од страна на студентскиот парламент на
универзитетот;
За кандидатите номинирани од страна на други облици на организирање на
младите, образецот СМ-1 треба да биде потпишан и заверен од страна на
застапникот на организацијата.
Рокот за поднесување на предлог кандидатите за членови на Советот на млади на
Општина Прилеп е 15 дена од објавата на овој јавен повик.
Потребните обрасци за комплетирање на потребната документација можат да се
преземат од прилог на овој повик или да се подигнат од приемното одделение на
Општина Прилеп.
Предлозите за кандидати за членови на Советот на млади на Општина Прилеп, со
назнака „Повик за предлагање на кандидати за членови на Советот на млади на
Општина Прилеп“ се доставуваат:
– Во приемното одделение на Општина Прилеп од понеделник до петок од
8:30 до 15:30 часот или по поштенски пат со назнака:
– Комисија за општествени дејности и заштита на правата на децата
Општина Прилеп ул. „Прилепски Бранители“ бр.1
* Ве молиме пликото да биде убаво затворено и назначено со големи
печатни букви – НЕ ОТВОРАЈ
Комисијата за општествени дејности и заштита на правата на децата при Советот на
Општина Прилеп ги повикува сите заинтересирани млади од Општина Прилеп кои ги исполнуваат условите да се пријават и да бидат дел од Советот на млади на Општина
Прилеп.
Комисијата за општествени дејности и
заштита на правата на децата
при Советот на Општина Прилеп