Прилеп успешно се справува со снежните врнежи

 

Се чистат редовно снежните наноси во градот и населените места

Дежурните екипи од Општина Прилеп во координација со „Изофас“, компанијата задолжена на тендер за зимско одржување на улиците се постојано на терен. Се интервенира од 4 часот изутрината, со цел да се овозможи непречено функционирање на сообраќајот на сите страни во градот и сите патни правци во општината.

Редовното дежурно песочење по улиците со прв приоритет почна во 4 часот, но поради интензивни врнежи од снег интензивно се работи со засилено темпо на улиците и со втор приоритет. Исчистени се пристапните патеки во болницата, касарните и секаде каде имаше потреба, интервенираа надлежните служби.

Согласно со Оперативната програма за зимско одржување се чистат и општинските патишта во населените места. Денеска е интервенирано во Мариово, во с. Мажучиште, с. Големо Коњари и с. Мало Коњари, с. Оревоец, с. Селце, с. Канатларци, с. Ерековци, с. Подмол  и с. Клепач.

Денеска се агажирани 5 возила, интервенирано е со 60 м3 ризла и 30 тони сол.

До крајот на денот повторно ќе се чистат улиците со прв и втор приоритет .

Со цел што поголема безбедност на пешаците редовно се чистат и тротоарите. Акцент е ставен на булеварот  „Гоце Делчев“ и улица „Вера Циривири- Трена“.

Дежурните екипи се максимално мобилни. Апелираме до граѓаните кои што се соочуваат со одредени проблеми, во секој момент да ги пријават во Општина Прилеп.