Новогодишни радости за сите деца со попреченост

По повод новогодишните празници Општина Прилеп обезбеди новогодишни
пакетчиња за сите деца со попреченост од општината и за дечињата кои што
во моментов се хоспитализирани во детското одделение од градската болница
„Борка Талески.

Новогодишни пакетчиња се обезбедени за дечињата згрижени во Дневниот
центар за деца со церебрална парализа, дневниот центар за деца со посебни
потреби „Ѕуница“, за учениците од посебните паралелки во ОУ „Климент
Охридски“ и за дечињата што се делумно згрижени преку сите други
организации и здруженија за грижа на лицата со попреченост.

 

Во рамките на новогодишните чествувања во организација на Општина Прилеп
на 31 12. 2018, во понеделник, на плоштадот во центарот на Прилеп, ќе биде
изведен перформанс „Дедо Мраз и пријателите“, со многу изненадувања за
најмладите.

И групата The Four е дел од оваа новогодишна забава за деца, со свој избор
музички композиции.