Се известуваат сите граѓани на Општина Прилеп кои планираат да поднесат
документи за ЛЕГАЛИЗИРАЊЕ на бесправно изградени објекти, тоа да го
направат во АРХИВАТА на Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита
на животна средина при Општина Прилеп, најдоцна до 31.12.2018 година.
Архивата се наоѓа во објектот наспроти општинската зграда на приземјето во
даночно одделение.
Потребни документи:
—————————————
– Барање ;
– Изготвени елаборати за објектот кој се легализира ;
– Лична карта / Пасош / Државјанство на РМ – ( фотокопија ) ;
– Препис од сметка за струја или вода од 2010 година или постара ;
– Административна такса од 300 денари ;
НАПОМЕНА:
Доколку објектот за кој се бара да се легализира нема приклучок за струја или
вода, се доставува изјава заверена на нотар во која сопственикот потврдува
дека објектот не е поврзан со струја или вода и под кривична и материјална
одговорност потврдува дека тој објект е изграден пред 2011 година односно
пред донесување на законот од 2011 година за легализација на бесправно
изградени објекти.