Врз основа на член 8 став 1 од Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единките корисници основани од единиците на локалната самоуправа (Службен весник на РМ број 209/2018 година).Градоначалникот на ЕЛС Општина Прилеп објавува:
Јавен повик
До сите доверители за доспеани, а неплатени обврски евидентирани во електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските, заклучно со месец септември 2018 година. Јавниот повик трае 30 дена од денот на објавување во електронските и печатени медиуми, односно до 10 јануари 2019 година.
За доспеаните, а неплатени обврски на ЕЛС Општина Прилеп пријавувањето се врши во Секторот за финансиски прашања, додека за доспеаните, а неплатени обврски на единките корисници основани од локалната самоуправа пријавувањето се врши кај раководното лице.
Бр. 03-4352/1 Градоначалник на Општина Прилеп
10.12.2018 г. Илија Јованоски
Прилеп