Врз основа на член 84 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”5/2002) и член 113 став 2 од Статутот на Oпштина Прилеп (’’Службен гласник на Општина Прилеп” бр.6/2003, 4/2005 и 11/2008), Градоначалникот на Oпштина Прилеп, донесе:
О Д Л У К А
за распишување избори на членови на Советите во
урбаните и месни заедници во Општина Прилеп
Член 1
Со оваа Одлука се распишуваат избори на членови на Советите во Урбаните и Месни заедници во Општина Прилеп.
Член 2
Изборите во Урбаните заедници во Општина Прилеп ќе се спроведат како следува:
-На ден 26.11.2018 година избори да се спроведат во УЗ “Сточен Пазар”, во просториите на,,Терминал, со почеток во 18,00 часот;
-На ден 26.11.2018 година избори да се спроведат во УЗ “Жабино маало”, во просториите на,,Терминал, со почеток во 18,30 часот;
-На ден 26.11.2018 година избори да се спроведат во УЗ “Варош”, во Домот на УЗ „Варош“, со почеток во 19,00 часот;
– На ден 26.11.2018 година избори да се спроведат во УЗ “Бончејца”, во Домот „Спиро Забрчанец“, со почеток во 20,00 часот;
-На ден 26.11.2018 година избори да се спроведат во УЗ “Тапани”, во ООУ „Рампо Левката“, со почеток во 18,00 часот;
-На ден 26.11.2018 година избори да се спроведат во УЗ “Рид”, во Домот на УЗ „Рид“, со почеток во 19,00 часот;
-На ден 26.11.2018 година избори да се спроведат во УЗ “Општина”, во Големата сала на стара Општина, со почеток во 20,00 часот
-На ден 27.11.2018 година избори да се спроведат во УЗ “Гоце Делчев”, во Домот на „Солидност“, со почеток во 18,00 часот;
-На ден 27.11.2018 година избори да се спроведат во УЗ “Варошко маало”, во Домот „Спиро Забрчанец“, со почеток во 19,00 часот;
-На ден 27.11.2018 година година избори да се спроведат спроведат во УЗ “Тризла 1”, во Домот на УЗ ,,Тризла’’, со почеток во 20,00 часот;
-На ден 27.11.2018 година избори да се спроведат во УЗ “Чачорица”, во ООУ „Рампо Левката“, со почеток во 18,00 часот;
-На ден 27.11.2018 година избори да се спроведат во УЗ “Вишне”, во Големата сала на стара Општина, со почеток во 19,00 часот;
-На ден 27.11.2018 година избори да се спроведат во УЗ “Центар”, во Градска библиотека ,,Борка Талески’’, со почеток во 20,00 часот;
– На ден 28.11.2018 година избори да се спроведат во УЗ “Точила”, во ООУ „Блаже Конески“, со почеток во 18,00 часот;
-На ден 28.11.2018 година избори да се спроведат во УЗ “Ѓогдере”, во Домот на „Солидност“, со почеток во 19,00 часот;
-На ден 28.11.2018 година избори да се спроведат во УЗ “Цар Самоил”, во Домот „Спиро Забрчанец“, со почеток во 20,00 часот;
-На ден 28.11.2018 година избори да се спроведат во УЗ “Корзо”, во ООУ „Рампо Левката“, со почеток во 18,00 часот;
-На ден 28.11.2018 година избори да се спроведат во УЗ “Аличаир”, во Големата сала на стара Општина, со почеток во 19,00 часот;
-На ден 28.11.2018 година избори да се спроведат во УЗ “Тризла2”, во Домот на УЗ „Тризла“, со почеток во 20,00 часот;
Член 3
Изборите во Месните заедници во Општина Прилеп ќе се спроведат како следува:
– На ден 22.11.2018 година избори да се спроведат во МЗ “Кадино село”, во ПУ „Страшо Пинџур“ во Кадино Село, со почеток во 18,00 часот;
-На ден 22.11.2018 година избори да се спроведат во МЗ “Мало Коњари”, во ООУ „Страшо Пинџур“, со почеток во 19,00 часот;
-На ден 22.11.2018 година избори да се спроведат во МЗ “Големо Коњари”, во Домот на МЗ„Големо Коњари“, со почеток во 20,00 часот;
-На ден 23.11.2018 година избори да се спроведат во МЗ “Алинци”, во ПУ „Круме Волнароски“ во село Алинци, со почеток во 18,00 часот;
-На ден 23.11.2018 година избори да се спроведат во МЗ “Беровци”, во ПУ „Круме Волнароски“ во село Беровци, со почеток во 19,00 часот;
-На ден 23.11.2018 година избори да се спроведат во МЗ “Галичани”, во ПУ „Круме Волнароски“ во село Галичани, со почеток во 20,00 часот;
-На ден 24.11.2018 година избори да се спроведат во МЗ “Тополчани”, во ПУ „Круме Волнароски“ во село Тополчани, со почеток во 18,00 часот;
-На ден 24.11.2018 година избори да се спроведат во МЗ “Ерековци”, во ПУ „Кирил и Методиј“ во село Ерековци, со почеток во 19,00 часот;
-На ден 24.11.2018 година избори да се спроведат во МЗ “Канатларци”, во ПУ „Кирил и Методиј“ во село Канатларци, со почеток во 20,00 часот;
-На ден 29.11.2018 година избори да се спроведат во МЗ “Радобил”, во ПУ „Гоце Делчев“ во село Радобил, со почеток во 18,00 часот;
-На ден 29.11.2018 година избори да се спроведат во МЗ “Селце”, во ПУ „Рампо Левката“ во село Селце, со почеток во 19,00 часот;
-На ден 29.11.2018 година избори да се спроведат во МЗ “Мажучиште”, во ПУ „Климент Охридски“ во село Мажучиште, со почеток во 20,00 часот;
-На ден 30.11.2018 година избори да се спроведат во МЗ “Витолиште”, во зграда на поранешна Општина Витолиште, со почеток во 18,00 часот;
-На ден 30.11.2018 година избори да се спроведат во МЗ “Подмол”, во ПУ „Кирил и Методиј“ во село Подмол, со почеток во 19,00 часот;
-На ден 30.11.2018 година избори да се спроведат во МЗ “Ново Лагово”, во ПУ „Круме Волнароски“ во село Ново Лагово, со почеток во 20,00 часот;
-На ден 30.11.2018 година избори да се спроведат во МЗ “Клепач”, во ПУ „Круме Волнароски“ во село Клепач, со почеток во 20,00 часот;
-На ден 01.12.2018 година избори да се спроведат во МЗ “Загорани”, во ПУ „Круме Волнароски“ во село Загорани, со почеток во 19,00 часот;
-На ден 01.12.2018 година избори да се спроведат во МЗ “Веселчани”, во ПУ „Круме Волнароски“ во село Веселчани, со почеток во 19,30 часот;
-На ден 01.12.2018 година избори да се спроведат во МЗ “Чепигово”, во ПУ „Круме Волнароски“ во село Чепигово, со почеток во 19,00 часот;
-На ден 01.12.2018 година избори да се спроведат во МЗ “Тројкрсти”, во ПУ „Круме Волнароски“ во село Чепигово, со почеток во 19.30,00 часот;
Член 4
Изборите ќе ги спроведат членовите на Комисијата за месна самоуправа на Советот на Општина Прилеп.
Член 5
Одлуката да се достави до Комисијата за месна самоуправа на Советот на Општина Прилеп, Урбаните заедници и Месните заедници во општината и да се истакне на видни места во Урбаните и Месните заедници.
Одлуката да се објави на ТВ Канал Визија и локалните радио станици.
Член 6
Одлуката влегува во сила од денот на донесувањето.
Член 7
Одлуката ќе се објави во “Службен гласник на Општина Прилеп”.
Број 08–4134/1 ГРАДОНАЧАЛНИК
19.11.2018 год. на Општина Прилеп
Прилеп Илија Јованоски