Одлука за доделување на награди и признанија по повод 3-ти Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп

Член 1

Наградата за животно дело – Златна плакета, по повод 3-ти Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп, се доделува на
-Душко Најдоски дипл. инг.арх.- за достигнувања во областа на архитектурата;

Член 2

Наградите – плакети по повод 3-ти Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп се доделуваат на:

-КУД ,,Мирче Ацев’’ (ветерани) од Прилеп, за меѓународна промоција на културните вредности на Општина Прилеп;
-Мото клуб ’’Синови на громот МС’’-за промовирање на мото-културата и органирање на многубројни хуманитарни активности;
-Детска амбасада за сите деца во светот- за дваесет годишна активност во областа на заштитата на правата на децата;
-Здружение РОМА С.О.С- за едукација на ромското население;

Член 3

Наградите – дипломи по повод 3-ти Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп, им се доделуваат на:

-Василе Димески- за достигнување во областа на литературата и добитник на престижната награда ,,Державин’’ за 2017 година;
-Александар Стојкоски- за врвни достигнувања во планинското трчање и меѓународна промоција на Општина Прилеп;
– Миле Спирковски- за придонес во одржувањето на родната куќа на великанот Блаже Конески;

 

Член 4

Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во “Службен гласник на Општина Прилеп”.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Комисијата
Тони Камчески