Комплетно асфалтирана улицата „Ристе Секирчанец“

Општина Прилеп и градоначалникот Јованоски, со засилен интензитет ги
решаваат наследените долгогодишни проблеми со руинираната и целосно
запоставена патна мрежа во градот. Покрај десетиците улици што во
изминатите неколку месеци беа комплетно асфалтирани и реконструирани,
пред неколку денови беше комплетно реновирана со нов слој асфалт и улицата
„Ристе Секирчанец“, како и кростосницата со улицата „Ленин“.

„Се наоѓаме на улицата „Ристе Секирчанец“ и вкрстувањето со улицата „Ленин“
каде што е извршено комплетно асфалтирање. Двете улици беа во лоша
состојба. Покрај честите реновирања, што поради водоводот, што поради
ударни дупки, веќе со овој проект се асфалтираа со нов слој асфалт

Должината на улицата „Ристе Секирчанец“ е околу 400 метри, или тоа доаѓа
околу 2000 м2, со добро асфалтирање на крстосницата со улицата „Ленин“,
каде што, исто така, имаше доста проблеми. Со ова веќе добиваме нова,
современа улица, без ударни дупки и без проблеми.“, изјави Благоја Богоески,
надзор над градежните активности.

Според надзорот Богоески, граѓаните на Општина Прилеп долго време го
очекувале сето ова и изрази задоволство од квалитетното и брзо завршување
на градежните работи со патната инфраструктура.

Во зависност од временските услови, наредните недели, ќе продолжат
градежните активности на терен, со цел целосно исполнување на
предвидените активности во комуналаната програма на Општина Прилеп за
2018 година и уредување на што поголем број улици во градот.