Прилепчаните Мери Мирческа и Александар Стојкоски ќе трчаат на Мон Блан.

Младите прилепчани, Мери Мирческа и Александар Стојкоски, ќе ги
претставуваат Прилеп и Македонија на најпрестижната светска трка во
планинско трчање во Шамони, Франција, во подножјето на „покривот“ на
Европа, Мон Блан.

Трката што ќе се одржи на 30. Август, 2019 година, е во должина од 171
километри и во организацијана Меѓународната Асоцијација за Трчање во
Планина (ITRA).

Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, денеска се сретна
со двајцата спортисти и им изрази поддршка за подготовките и
учествотото на оваа најпрестижна трка во планинско трчање.

Инаку, во изминатите три години Мирческа и Стојкоски имаат
учествувано на повеќе трки во земјава и странство, со што се стекнале со
доволен број на поени за учество на трката UTMB (Ultra Trail du Mont
Blanc) во Шамони, Франција.

Мери Мирческа и Александар Стојкоски, се добитници на
Третоноемвриска награда за спортски достигнувања последователно во
2016 и 2017 година. Двајцата се рангирани како најдобри планински
тркачи во Македонија, соодветно во женска и машка категорија со
највисоко ниво на поени.