Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, денеска присуствуваше на средбата на пензионерите од населбата “Тризла” којашто се организира секоја година по повод Денот на ослободувањето на Прилеп, 3-ти Ноември.
На оваа традиционална средба пензионерите од населбата „Тризла“ се дружат помеѓу себе, се забавуваат, разговараат, се потсетуваат на својата младост и на таков начин полесно ги поминуваат деновите од т.н. трето доба.
Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, им вети на пензионерите засилена соработка со Општина Прилеп..
Јованоски истакна дека Локалната самоуправа е отворена за сите идеи и сугестии на пензионерите и потенцираше дека во иднина сите нивни приоритети и проблеми ќе бидат заеднички решавани.