На само еден час пред почетокот на официјалниот настап на познатата музичка група “Либеро Бенд’,на четвртата последна вечер на „Пивофест2018“, тие ветуваат одлична забава за публиката.
„Со оглед на тоа што сме настапувале на повеќе фестивали, а ова е една од најголемите манифестации во Македонија, очекуваме добра забава, ќе направиме балканска забава со неколку наши авторски песни. Останатото што ќе го слушнете, ќе биде добра атмосфера, ќе го препуштиме репертоарот на публиката,таа да ни каже која ќе ни биде наредна песна“, вели Јован Јованов, вокалистот во ‘Либеро Бенд’.