Граѓаните на Прилеп синоќа масовно излегоа и го прославија историскиот успех на нашата земја, која што доби покана за членство во НАТО и датум за преговори со Европската Унија.
Се славеше во15 градови во државата од Гостивар до Гевгелија и од Куманово до Струга. Со музиката на естрадните уметници од домашната сцена, во добро расположение и позитивна атмосфера се славеше овој историски миг.
Општина Прилеп изразува благодарност до сите граѓани за поддршката на овој владин музички караван со којшто ја славиме успешната надворешна политика што ја води Владата на Република Македонија и премиерот Зоран Заев, остварувајќи ги стратегиските цели за влез на Македонија во НАТО и Европската Унија, по 27 годишни напори од осамостојување на државата.
Македонија ја продолжува успешната приказна. Тоа е приказна за слободата, успехот, безбедноста и економскиот раст. Застануваме рамо до рамо со најсилните земји од Европа и светот, застануваме цврсто во одбрана на правото на сопствен став, осудуваме ширење омраза поради изразен став.
Доаѓа време на подобар живот за сите граѓани, овде во нашата земја.