Групата Next Time, дел од третата музичка вечер на „Пивофест 2018“

Дел од музичката понуда на третата вечер на „Пивофест 2018“, е и групата Next Time. Групата за прв пат во нивната 10 годишна кариера настапува на „Пивофест“, што е мотив плус да им ги докажат своите квалитети на македонската и, особено, на прилепската публика.

„Очекуваме се’ да биде на високо професионално ниво. Репертоарот што ќе го свириме 80 отсто се состои од нашите авторски песни, коишто ги пееме во изминатите 10 години. Имаме и некои песни што ние обожуваме да ги пееме на настапите, некои кавер песни, англиски песни, рок, како на пример Тина Тарнер, Whitesnake, нешто слично на тоа“, вели фронтменот на Next Time, Стефан Филиповски.

 

Стефан и неговиот брат близнак Мартин, како и останатите колеги од групата, како што велат, се љубители на пивото, кое во комбинација со прилепската скара имаат намера да го конзумираат после нивниот вечерашен настап.