„Ексдиректорот Пецо Димоски го остави претпријатието во огромни финансиски долгови, без ниту еден денар на сметката, со неисплатена плата на вработените, со огромни долгови за неплатено ДДВ кон државата, камати и др. долгови. Според тоа, изнесените наводи од ВМРО-ДПМНЕ се срамна манипулација и лажна слика за работењето на ЈКП ‘Пазари“, рече Весна Ќососка, вршител на должноста директор на ЈКП „Пазари“ по денешната прес конференција на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на која што се упатени низа критики на адреса на ова претпријатие.
„ВМРО-ДПМНЕ без ни малку срам се однесува како да, во изминативе 12 години биле опозиција и како да не раководеле со јавните комунални претпријатија и локалната самоуправа. За крајното недомаќинско однесување на Димоски и ексградоначалникот Ристески, зборува и фактот што два пати го продаваа поранешниот млечен пазар, и го оставија претпријатието без дуќаните од кои што претпријатието остваруваше приход“, рече Ќососка.
Таа потенцираше дека ексвласта без надоместок го одзела сточното пазариште коешто беше во владение на ЈКП „Пазари“. „А, токму за сточното пазариште е подигнат кредит од 4 милиони денари и други трошоци за негова изградба. Исто така е одземен и просторот за продажба на камиони,што беше голем извор на приходи во ЈКП „Пазари“, изјави Ќососка.
„Четири пати беше препокриван пазарот и на крај го оставија недопокриен. Таквото безредие и незаконско менаџирање со претпријатието и општинскиот имот, се провлекуваше со години и остана слика за безредието на ВМРО-ДПМНЕ, со коешто сега се занимаваат надлежните институции.
Наспроти сето ова, како нова локална гарнитура на ЈКП „Пазари“ работиме одговорно и домаќински во интерес на претпријатието и интересите на граѓаните.
Што се однесува до финансиското работење на ЈКП „Пазари“, од доставениот извештај за првото тримесечје од работење на претпријатието, што е објавен на интернет страницата на ЈКП „Пазари“ и на увид на целата јавност, се гледа дека приходот од редовното работење за 2018. изнесува 2.764.089 ден. а за тој период од 2017. 2.873.167 ден. Приходот од 2 милиона денари се доделени субвенции за 2017. На тоа и се однесува разликата во приходите. Ако го погледнете табеларниот преглед на расходите ќе видите, дека сите трошоци се намалени во однос на истиот период за 2017.
• Пример, под реден број 9 трошоците за ППТ и телефоните за жал се поголеми од минатата година, поради штетно склучениот договор во 11 месец, 2017.од ексдиректорот Пецо Димоски,што мора да го плаќаме до истекот на договорот.
• Трошоците за плата и надоместоците од плата оваа година изнесуваат 2.370.359ден. за 27 вработени, а 2. 168.532 ден. за 24 вработени, што до крајот на 2017 се 26 вработени.
• Под реден број 25 од кварталниот извештај за расходите „интелектуални услуги“ коишто се по договор од 2017. склучен од претходниот директор со важност до 15.05.2018. за што добивме подоцна и каматна листа на износ од 34.000 денари.
• Под реден број 26 што се однесуваат на останатите трошоци од работењето, се исто така трошоци од склучени договори со медиуми со важност до 2018. кои сега ги исплаќаме.
• Трошоци од минати години на износ од 96.663 ден. значи дека расходите во однос на 2017.се поголеми за овој износ, а помали за 2018.
• Поголема ставка се и трошоците по спогодби,а се однесуваат за ненавремено исплатени надоместоци, како тринаесетта плата, јубилејни награди,коишто во согласност со вработените, за да не дојде до неликвидност на претпријатието, потпишани се договори за исплата на рати.
Од сето ова произлегува дека за овој период ЈКП „Пазари“, од сопствени приходи и прикажани расходи има реален негативен резултат од 747.610 ден. За овој период лани,загубата е 676.029 денари без субвенциите како приход.
Сметаме дека не треба да биде човек економски експерт за да ги разбере овие податоци. Морам да нагласам дека овие податоци се пресметковна категорија добивка или загуба.
А, финансиската слика на ЈКП „Пазари“ сега е оваа.
При примопредавањето се наследени 2 неисплатени плати за вработените, неисплатена тринаесетта плата за 2017.и новогодишен надоместок, за којшто сме обврзани по Колективниот договор. Обврските кон добавувачите се 2.5 милиона денари, од нив за ДДВ се 1.745.000 ден и нула состојба на жиро сметка.
Во 2017. исплатени се субвенции од локалната самоуправа во висина од 4 милиони денари. А, од страна на ексдиректорот Пецо Димоски не се исплатени обврските кон добавувачите, во однос на субвенциите. Во однос на позитивниот резултат за 2017. ги повикуваме ВМРО- ДПМНЕ да повикаат надлежни институции за исправноста на работењето во ЈКП „Пазари“ и 150.000 ден. што ги исплативме на име на Данок на добивка за проектите што се преземени од претходното раководство, кое толку многу беше споменувано на седницата на Советот. И можеме дополнително да ве известиме што е направено и колку е потрошено од проектите. Дуќаните долу, од левата и десната страна на управната зграда, се срушија среде лето, така што губевме кирија во 2016. И по вложувањето за нивна изградба, дел од нив се уште не се издадени. Доколку ВМРО-ДПМНЕ има економски стручњак, со овие приходи и овие услови да покаже финансиски резулатат, нека го направи тоа.
Ние побаравме субвенции од локалната самоуправа, иако таа не е одговорна за ваквото настаната состојба како наш основач,како што се што ние одземено без надомест досега, да ни обезбеди трајни објекти со редовен приход за нормално работење.
Од наша страна доставено е до Советот и усвоено е со ребалансот нашето барање. По добивање на средствата ќе бидат намирени обврските кон добавувачите и УЈП.А, моменталната состојба на сметката е 351.185 денари. Од сето ова може да се види дека се што е изнесено на прес конференцијата од ВМРО-ДПМНЕ е срамна манипулација“, обвини в.р. директорката Ќососка.