Во населеното место Големо Коњари во моментов во тек се градежни зафати за уредување на улиците. Се врши тампонирање на повеќе улици со вкупна должина од 600 метри. Целта е да се подобри сообраќајот, да им се олесни животот на жителите и Големо Коњари да се урбанизира што поскоро.
Општина Прилеп се грижи за потребите на жителите од околните населени места. Наскоро ќе следат градежни зафати и во другите населени места што се дел од општина Прилеп.