Одлука за избор за унапредување на административни службеници по интерен оглас

Врз основа на член 52 став (1), (2) и (5) од Законот за административни  службеници („Службен весник на РМ“бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018), Секретарот на Општина Прилеп донесе:

О  Д  Л  У  К  А

за избор за унапредување на административни службеници по  интерен  оглас

1.По интерниот оглас бр.1/2018 објавен на 22.05.2018 за унапредување на административни службеници   во Општина Прилеп се избираат :

Марика Јовческа, со  вкупно освоени бодови 39,85 за работно место под реден бр.2 од интерниот оглас, УПР0101Б04000 Раководител на одделение за урбанизам и заштита на животната средина, Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина

Александар Салатоски, со вкупно освоени  бодови 39,25 за работно место  под реден бр.3 од интерниот оглас,УПР0101В01000 советник за подготвување на буџетот, Одделение за буџетска координација, Сектор за финансиски прашања

2.Именуваните ќе бидат унапредени на работните места од став 1 на оваа Одлука во рок од пет дена по конечноста  на Одлуката.

  1. Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесувањето.

О  б  р  а  з  л  о  ж  е  н  и  е

На ден 22.05.2018 година  на веб страницата на  Општина Прилеп и на веб страната на Агенцијата за администрација објавен е интерен  оглас бр.1/2018 за унапредување на административни службеници  во Општина Прилеп .

Со Решение бр.04-1839/9 од 28.05.2018 година, формирана е Комисија за селекција за унапредување на административен службеник. Комисијата за селекција за унапредување на административен  службеник спроведе административна селекција Записник бр.04-1839/10 од 07.06.2018 година, и интервју со уредниот  кандидат за работното место под реден бр.3 од интерниот оглас УПР 01 01 В01 000 советник за подготвување на буџетот, Одделение за буџетска координација, Сектор за финансиски прашања  и изготви финална ранг листа на интервјуираните кандидати и предлог одлука за избор на прво рангираниот кандидат,  Записник  бр.04-1839/11 од 07.06.2018 година.

На 08.06.2018 година, секретарот на Општина Прилеп спроведе интервју со уредниот  кандидат за работното место под реден бр.2 од интерниот оглас УПР 01 01 Б04 000 раководител на одделение за урбанизам и заштита на животната средина, Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина  и Комисијата за селекција за унапредување изготви финална ранг листа на интервјуираните кандидати и предлог одлука за избор на прво рангираниот кандидат,  Записник  бр.04-1839/12 од 08.06.2018 година.

Од доставената финална ранг листа и предлог одлуката за избор на прво рангираниот кандидат, Секретарот на Општина Прилеп изврши избор како во диспозитивот на оваа Одлука.

Правна поука: Против оваа Одлука незадоволниот кандидат има право во рок од осум дена да поднесе  жалба до Агенцијата за администрација.

Превземете ја ОДЛУКАТА

СЕКРЕТАР
на Општина Прилеп
Александар Талимџиоски