Градоначалникот Илија Јованоски денеска го посети хуманитарниот уметнички хепенинг, што се одржува традиционално на „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп, во организација на „Ротари“ клубот од Прилеп. Младите уметници од клубот пред центарот за култура „Марко Цепенков“ ги цртаа своите дела
„По повод празникот „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп во 1944 година, денеска Ротари клубот од нашиот град го одржува овој уметнички хененинг. Јас како градоначалник ја поздравувам и поддржувам оваа акција. Клубот успешно работи многу години и има направено голем број донации. Се надевам дека овие акции ќе продолжат и во иднина“, рече градоначалникот Јованоски.
Делата од овој уменички хепенинг ќе бидат продавани на свеченоста која ќе се одржи по повод 10 години од постоењето на Ротари клубот.
„Чест и задоволство ми е да го поздравам овој седми по ред уметнички хепенинг на „Ротари“ клубот што се одржува по повод нашиот празник „3-ти Ноември“. Средствата собрани од оваа донација годинава ќе се донираат за основното училиште во населеното место Заполжани. Мотото на „Ротари“ е дружење и помагање на општеството и заедницата каде живееме. Годинава славиме 10 години од постоењето на нашиот клуб и во април ќе се одржи свеченост на која ќе се продаваат овие дела“, изјави Бранко Јованоски, претседател на Ротари клубот од Прилеп за 2017 и 2018 година.