Основците рецитираа и цртаа во спомен на опеаниот јунак Крали Марко

Стотина ученици од двете основни прилепски училишта „Блаже Конески“ и
„Рампо Левката“, денеска подготвија приредба посветена на јунакот опеан во
многу народни песни, којшто живеел во тврдина на калето што се издигнува
над Прилеп, а го носи неговото име.

Основците инспирирани од ликот на Крали Марко денеска на денот на неговата
смрт, ги прочитаа своите лични творби и еден час креативно сликаа свои
мотиви за Крали Марко.

На сите учесници на овој настан, Општина Прилеп како организатор им додели
благодарници.Овој литературен и ликовен час за основците, посветен на
балканскиот јунак Крали Марко (1335-1395) се одржува во Прилеп
традиционално по дванаесетти пат.