Градоначалникот Илија Јованоски денеска оствари средба со заменик претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев. Градоначалникот Јованоски и вицепремиерот Анѓушев разговараа на теми од областа на економијата, како и за конкретни проекти кои ќе придонесат за подобрување на економската клима во општина Прилеп.
На средбата присуствуваа и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, како и пратеникот во Собранието на РМ, Хари Локвенец.