Денеска ја истакнувам мојата и заложбата на Општина Прилеп за остварување на што поголеми права на сите работници.
Правото на плата, придонеси, заштита при работа, социјална и здравствена заштита, право на достоинствен живот на работниците се постулатите на едно современо демократско општество.
Ги повикувам сите работодавци во општината, доследно да ја применуваат законската регулатива, колективните договори, да ги обезбедат сите законски услови за заштита на работниците, а инспекциите да вршат редовни контроли во работата на сите правни субјекти.
Борбата против мобинг и каква било дискриминација на работниците мора да продолжи!
Мои сограѓани, нека ви е честит Први Мај-меѓународниот ден на трудот!!!
Градоначалник на општина Прилеп
Илија Јованоски