Почитувани сограѓани,
Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски го избира својот тим врз
основа на валидни критериуми за образование, стручност, компетентност и
одговорност во работата. Според тоа, тој е и лично одговорен за ефектите од
работата на новоизбраниот тим.
Но, вработувањата во образованието, детските градинки, јавните
претпријатија и Регионалната канцеларија на Стопанската комора на Прилеп,
не се во негова надлежност.
Почитувани,
Разбирливи се чекорите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ преку прес
конференции, како денешната, да се обидува да ја девалвира мојата работа, за да ја
здобие повторно довербата кај граѓаните по постизборното фијаско.
Затоа во оваа пригода и ОК на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните ќе ги известам
повторно за дел од досега сработеното.
Од претходната гарнитура од ВМРО-ДПМНЕ, наследивме долг во Општина
Прилеп од 3.5 милиони евра, пари од граѓаните кои што биле недомаќински,
безобзирно и неодговорно трошени. Само за 6 месеци од моето доаѓање на
градоначалничката функција, долгот е намален за милион евра, а проектите
што ги ветив се реализираат чекор по чекор.
Во фаза на реализација се бројни проекти:
Дневен центар за деца со церебрална парализа;
Проектот за заштита на природното наследство „Маркови Кули“
(100.000 долари од УНДП);
Набавка на противпожарно теренско возило и опрема;
Адаптација на градинката во ОУ „Рампо Левката“;
Реконструкција на дел од патот што води кон Вештачкото езеро;
Проект за социјална мобилност финансиран со 550.000 денари.
Одобрување чекаат повеќе подготвени проекти:
За изготвување на техничка документација за урбанистички планови за
селата: Селце и Оревоец;
За техничка документација за канализација во селата: Селце,
Тополчани и Галичани;
Се подготвува локална стратегија за туризам;
Програма за енергетска ефикасност 2018-2020г;
Нов театар во Прилеп;
Спортско-рекреативен центар „Македонија“;
Гасификација;
Набавка на автобуси на погон на метан.
Општина Прилеп наскоро ќе аплицира:
Во АВРМ за ангажирање на 50 лица за одржување на комуналната
хигиена и хортикултурно уредување на градот;
Во УНДП за времено вработување на 20 лица за обезбедување
социјални услуги;
Во Програмата за локална и регионална конкурентност;
Во Швајцарската агенција за обнова и развој за средства наменети за
форуми на заедниците, со општински буџет реализација на проекти, чиј
приоритет го утврдуваат граѓаните.
Со почит,
Градоначалник на Општина Прилеп,
Илија Јованоски