Генерацијата матуранти на економското училиште „Кузман Јосифски-Питу“ од
Прилеп денеска организираше саем на виртуелни училишни компании 2018“. Учениците ги презентираa практичните знаења, вештини и способности, стекнати во текот на четиригодишното образование, преку виртуелни училишни компании. Целта на саемот е да го поттикне и развие претприемачкиот дух и сопствената одлука за избор на дејност.
„На денешниот саем на шест штандови учениците избираат свои реални
компании што ги претставуваат“, вели Билјана Маркоска, в.д директор на СОУ
„Кузман Јосифски-Питу“.
Во рамките на практичната настава во четврта година, учениците
регистрираат компанија, аплицираат за соодветно работно место, работа во
сектори, тргуваат со други училишни компании, соработуваат со реални
партнер фирми, оттука произлегува креативноста кај учениците, којашто доаѓа
до израз при изработката на рекламен материјал, постери, каталози, флаери,
визит карти …
„Ние сме осигурителна компанија. За овој настан се подготвувавме точно шест
месеци, вели ученичката Деспина Јанеска.
„Нашиот штанд е услужна компанија „Дива банка“ со цел да прикажеме како
функционираат банките во нашето општество, кредитирањето и други
финансиски дејности“, вели ученичката Марија Талеска.
„Овој е штанд на локална младинска организација, тука се изложени сите
награди што ги имаме освен на ‘MASSUM’. Имаме добиено три златни и три
сребрени медали“, истакна Кристина Нунеска, ученичка во трета година.