Градоначалникот на општина Прилел, г-динот Илија Јованоски, ја посети изложбата на украсни птици на државно ниво, којашто оваа година традиционално по 18-ти пат ја организираше Здружението за заштита и одгледување на украсни птици и животни „Трагопан“ од Прилеп. Вљубениците во украсните птици имаа можност да видат најразлични видови на домашни и егзотични птици кои беа изложени во ЦК „Марко Цепенков“. Во таа пригода г-динот Илија Јованоски изјави:
„Со задоволство одговорив на поканата, денеска да сум гостин на оваа прекрасна изложба на птици која традиционално се оддржува во нашиот град. Денеска на оваа манифестација видов доста голем број на уникатни и егзотични видови на птици, а се надевам дека и во иднина ќе продолжи оваа традиција. Во оваа прилика ги повикувам сите здруженија кои се занимаваат со заштита на животните да ги слушнеме нивните приоритети и да работиме на нивно реализирање. Исто така сакам да кажам и тоа дека во иднина заедно со кинолошкото здружение ќе треба да направиме еден стационар за домашни миленици, каде сите кои се отсутни, а имаат домашно милениче, би можеле да ги оставаат своите миленици на сигурно место каде истите ќе бидат соодветно згрижени“, посочи во својата изјава градоначалникот Јованоски.
„Денеска ја одбележуваме 18-тата изложба на птици на која има околу 250 до 300 експонати, не има застапено од целата наша држава од целата наша Македонија инаку учесниците се големи љубители токму на овој вид домашни миленичиња, посочи Горан Илиоски претседател на здружението „Трагопан“ од Прилеп.
Изложбата ќе трае денеска и утре, а изложувачите посочуваат дека овие ретки и многу скапи пауни, фазани, украсни пајки и гулаби се многу скапо хоби.