Свечена академија на СОУ „Орде Чопела“

Во рамките на одбележувањата на патрониот празник на СОУ „Орде Чопела“,
вечерва во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп се одржа свечена академија.

Д директорката Димитријанка Манолева, рече дека училиштето се стреми кон
овозможување на што поквалитетна и современа настава, следејќи го
индивидуалниот развој на секој ученик, со цел да се подготват ученици кои
комплетно ќе се вклучат во современите образовни и професионални текови.

„Со реализирање на наставната програма, учениците стекнуваат теоретски и
практични, трајни и применливи знаења со кои стануваат готов “производ“ за
потребите на пазарот на трудот“, акцентираше в.д. директорката Манолева.

На свечената академија, учениците изведоа богата музичка и културно-забавна
програма.