ОУ „Добре Јованоски“ е едно од четирите училишта, коишто добија грант од
јапонската амбасада. Амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда денеска ги
потпиша договорите за доделување грантови во вредност од над 428 илјади
евра со девет јавни институции од Македонија. Парите се дел од програмата за
поддршка на мали проекти за човекова безбедност.
ОУ „Добре Јованоски“ е единственото основно училиште во Прилеп, каде
наставата ја следат македонски и ромски ученици.