Вечерва во 19.00 часот во ликовната галерија од центарот за култура „Марко
Цепенков“ ќе биде отворена изложба на дела од 18-та меѓународна ликовна
колонија „НИЖО ПОЛЕ“.
Поставката ја сочинуваат триесетина дела од 16 уметници од Македонија,
Србија и Бугарија.
Оваа сликарска колонија традиционално се одржува на Молика, каде
уметниците творат вдахновени од убавините на Пелистер.