По повод 76 години од смртта на народниот херој Борка Талески,
раководството на прилепската болница, што го носи името на
првоборецот,положи свежи цвеќиња и му оддаде почит пред спомен бистата
што се наоѓа во болницата.
Делегација од градската болница „Борка Талески“ положи свежи цвеќиња и
пред споменикот кај месноста Чашка, во чест на херојската смрт на Борка
Талески и Лазо Филипоски Лавски.