Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески, по повод 3ти Декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост, беше дел од настанот кој го организираше Општината со поддршка на основните општински училишта во киното Мис Стон, каде што преку новоформираното Општинско инклузивно тело, се потсетивме на важноста од инклузијата во заедницата на лицата со попреченост. А исто така го посети и Дневниот центар за лица со посебни потреби „Ѕуница“ каде што во соработка со Центарот за социјални работи Прилеп се одржа еден прекрасен настан наменет за корисниците за „Ѕуница“.
Со пригодна програма во просториите на киното “Мис Стон“ при ЦК “Марко Цепенков“ учениците од сите основни училишта, од Центарот за поддршка при ООУ „Климент Охридски“ и членовите на Социјалниот клуб „Порака“ заедно го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
„Вие сте дел од промената која сакаме да ја имаме во нашата заедница. Вие сте пример за сите нас! Вашиот труд и посветеност се од огромно значење за јакнењето на свеста за важноста на инклузијата во нашата заедница. Вие сте заедно сте доказ дека кога заедницата е сплотена, можеме да направиме светот да биде подобро место за живеење за сите. Со заеднички напори, ќе продолжиме да работиме на креирање на општество кое обезбедува поддршка, можности и достоинство за секого, каде што сите ќе имаат еднакви можности за развој и учество во општествениот живот. Ќе продолжиме со нашата поддршка за вашата работа и за сите проекти кои ја поттикнуваат инклузијата и ја зајакнуваат сплотеноста на нашата заедница.“ – рече градоначалникот Јовчески.
Општина Прилеп покажа особено грижа и посветеност за оваа ранлива група на граѓани. За да го олесни нивното движење, локалната самоуправа има поставено повеќе пристапни рампи на повеќе локации, а минатата година отвори и инклузивно детско игралиште на Могилата на непобедените, како значајна активност која што Општината ја реализира,за подобрување на квалитетот на живеење на децата со попреченост.