СООПШТЕНИЕ За спроведување на јавен увид на Урбанистички проект согласно член 58 став(6)

Прилеп, 01.11.2024г.
Наш број: 10-877/4

Врз основа на член 62, став (10) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23 и 171/24), Градоначалникот на Општина Прилеп го дава следното

СООПШТЕНИЕ
За спроведување на јавен увид на

Урбанистички проект согласно член 58 став(6) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23 и 171/24) вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани до 1MW на КП 38/1 КО Старо Лагово – Општина Прилеп

член 1

Се известуваат граѓаните на Општина Прилеп дека се организира Јавен увид по Урбанистички проект согласно член 58 став(6) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23 и 171/24) вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани до 1MW на КП 38/1 КО Старо Лагово – Општина Прилеп, со тех.бр.07-1/2022 од јуни 2024г. изработен од „АКСИС СТУДИО“ ДООЕЛ – Прилеп.

член 2

Проектниот опфат на Урбанистички проект согласно член 58 став(6) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23 и 171/24) вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани до 1MW на КП 38/1 КО Старо Лагово – Општина Прилеп, со тех.бр.07-1/2022 од јуни 2024г. изработен од „АКСИС СТУДИО“ ДООЕЛ – Прилеп, е опфатен во рамките на урбаниот опфат на Услови за планирање на просторот за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена Е1.13– Површински соларни и фотоволтаични електрани до 1MW на КП 38/1 КО Старо Лагово – Општина Прилеп, со тех.бр.07-1/2022 од јуни 2024г. изработен од „АКСИС СТУДИО“ ДООЕЛ – Прилеп, со технички број Y20322 од Јуни 2022, за кои Услови е добиено Решение од Министерството за животна средина и просторно планирање со бр. УП 1-15 1258/2022 од 05.07.2022 година.
Предметниот проектен опфат ги зафаќа катастарските парцели: KП 38/1, КO Старо Лагово, Општина Прилеп;
Предмет на изработка ќе биде оформување на една градежна парцела согласно стандардите и  нормативите за урбанистичко планирање, одредување на катноста на градбата, површината за градба, компатибилните намени и сообраќајните пристапи, согласно стандардите и нормативите за урбанистичко планирање за ваков тип на објекти.
Пристапот до локацијата за моторни возила ќе се планира преку постојните пристапни патишта од источната КП 922/1 и од источната страна КП 38/1 на проектниот опфат.
Границата на предметниот УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ФОРМИРАЊЕНА ГРАДЕЖНИ ПАРЦЕЛИ СО НАМЕНА Е1.13-ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ НА ДО 1 МW НА KP38/1 ВО КО СТАРО ЛАГОВО, ОПШТИНА ПРИЛЕП е со следниве координати:


Вака формираниот проектен опфат има вкупна површина од 10247.35m² или 1,02ха.

ЈАВЕН УВИД

На Урбанистички проект согласно член 58 став(6) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23 и 171/24) вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани до 1MW на КП 38/1 КО Старо Лагово – Општина Прилеп, со тех.бр.07-1/2022 од јуни 2024г. изработен од „АКСИС СТУДИО“ ДООЕЛ – Прилеп, јавниот увид ќе трае 15 дена во електронска форма, кој надлежниот орган со става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Прилеп https://www.prilep.gov.mk/ и на официјалната страна од е-урбанизам https://www.e-urbanizam.mk во периодот од 01.11.2024 до 18.11.2024година за кое време може да се доставуваат евентуални забелешки, секој работен ден од 8:30 до 15:30 во просториите на Општина Прилеп, Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина.
ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Прилеп
Борче Јовчески
___________________

ПРЕЗЕМИ Анкетен лист за ЈУ 60152

ПРЕЗЕМИ синтезен 60152

ПРЕЗЕМИ Соопштение за јавен увид 60152