Одржана 46-тата седница на Советот на Општина Прилеп

Оперативната програма за организирање и функционирање на зимската служба на подрачјето од Општина Прилеп, за сезоната 2024/2025 , предлог-одлука за усвојување на процена на загрозеност од природни непогоди, епидемии и други несреќи во Општина Прилеп и предлог-план за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за Општина Прилеп, за период 2023-2027, беа прифатени од страна на советниците како основни точки на дневниот ред на 46 –та седница на Советот на Општина Прилеп.

Советниците го прифатија и предлогот  за учество и имплементација на активностите (реализација на SMALL-SCALE пилот проекти) од  проектот “Зајакнување на луѓето од Пелагонија”, финансиран од Програмата МАТРА и Кралството на Република Холандија, во партнерството со Про Локал од Битола.

Советниците донесоа одлука и за утврдување на потреба од поставување на урбана опрема за спортско рекреативни активности-спортски справи на отворено, дадоа согласност на годишниот план за измена и дополнување на годишниот план за вработување за 2024 година на ЕЛС Општина Прилеп, а беа усвоени и неколку точки поврзани со одлуката за изменување на урбанистичките планови , како и предлог-програма за измена и дополнување на програмата за уредување на градежно земјиште во 2024 година.

На денешната седница беа разгледани беше дадена согласност на на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Водовод и канализација”-Прилеп, за период од 01.01.2024 година до 31.03.2024 година, согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Пазари”-Прилеп, за период од 01.01.2024 година до 31.03.2024 година како и  согласност на годишниот план за измена и дополнување на годишниот план за вработување во 2024 година на ЈОУДГ ,,Наша иднина’’-Прилеп.

Советниците ги усвоија и предлозите за донесување на урбанистичко планска документација со која се врши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправни објекти  како и промена на заштитно зеленило, во намена за ( А1-1) домување, по барање на граѓани.

Како дополнителни точки од дневниот ред, советниците дадоа “зелено светло“ за распределба на финансиски средства од Буџетот на Општина Прилеп за 2024 година, наменети за финансирање на спортски клубови, професионални спортски клубови, здруженија и фондации во областа на спортот, културниот и општествениот живот по Јавниот Повик бр. 03.289/1 од 12.01.2024 година согласно Записникот од Комисијата за финансирање и буџет; дадоа согласност за одлуката за утврдување на цената за паркирање на патнички моторни возила за време на одржување на ФЕСТИВАЛ НА ПИВОТО 2024-ПРИЛЕП, од страна на ЈП за ПУП Прилеп, како и за утврдување на цената за паркирање на патнички моторни возила за време на одржување на ФЕСТИВАЛ НА ПИВОТО 2024-ПРИЛЕП; се согласија за измена и дополнување на програматa за утврдување на критериуми и стандарди за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Прилеп; ја  прифатија предлог-одлука за донација од страна на Друштво за производство на текстил и текстилни производи,трговија и услуги „КОМФИ-АНГЕЛ“ увоз-извоз Прилеп ДОО, која се состои од ограда на скали и галерија, во детска градинка во Точила – Прилеп, ја прифатија донација од страна на физичко лице, која се состои од реквизити за детско игралиште во паркот кај Основен суд-Приле ,а дадоа согласност и за давање  субвенции на ЈП за ПУП Прилеп за 2024 година, за реализација на слободниот градски превоз на пензионерите од Општина Прилеп, кои се приматели на минимална пензија.