Градоначалникот на Општина Прилеп согласно член 107 став 13 а во врска со член 122 став 4 од Законот за животна средина (Сл. весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и 89/22) ја издава следната:
О Б Ј А В А
на нацрт Б – интегрирана еколошка дозвола
Согласно член 124 став 1 од Законот за животна (Сл. весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и 89/22), до Градоначалникот на Општина Прилеп доставено е барање за издавање на Б – интегрирана еколошка дозвола заведено со деловоден број бр.10-1805/1 од 22.08.2023 година.
Подносител на барањето:
МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД
Површински коп за мермер локалитет ,,Сивец“ Општина Прилеп
Адреса на локацијата: ул.„Леце Котески“бр.60А Прилеп
Категорија на инсталација:
Прилог 2, Индустрија за минерали,
Точка 3.2 Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини, доколку не се опфатени со Прилог 1 од оваа Уредба
Нацрт Б–интегрираната еколошка дозвола во печатена форма, ќе биде достапна на заинтересираната јавност во рок од 14 дена во просториите на:
Општина Прилеп
Ул.Прилепски бранители бр.1
Секој работен ден во работно време
Секторот за Урбанизам, Комунални работи и заштита на животна средина
Ве информираме дека нацрт Б – интегрираната еколошка дозвола ќе биде достапна и во електронска форма на официјалната web страница www.prilep.gov.mk на Општина Прилеп.
Општина Прилеп
Градоначалник Борче Јовчески