Бр. ___________
од ___.___.2023 год.
Прилеп
Врз основа на член 35 став 1 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 93 од Законот за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РСМ 32/20) и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (Сл. Весник на РМ бр. 5/02), член 26 од Статутот на Општина Прилеп, Градоначалникот на Општина Прилеп донесе:
СООПШТЕНИЕ
Се организира јавна презентација и јавна анкета по предлог УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ЧЕПИГОВО СО РАЗРАБОТКА НА БЛОК 1, ОПШТИНА ПРИЛЕП
Опис на планскиот опфат:
Село Чепигово е рамничарско ридско село на надморска висина од 590.00 мнв до 630.00 мнв во општина Прилеп, која се наоѓа во северноисточниот дел Пелагонискиот регион. Селото Чепигово КО Чепигово се наоѓа југозападно од градот Прилеп опкружено со атарите на селата: Пашино Рувци од север и северозапад, Загорани од исток, Тројкрсти и Новоселани од југ, Ивањевци, Подино и С. Тодори од запад. Селото Чепигово во атарот на КО Чепигово е опкружено со месноста Средно Поле од север и исток, Бедем од југ и Чука од запад. Посебна карактеристика за селото Чепигово е неговата местоположба во однос на Блато чие корито го тангира селото од западната страна.
Во рамките на локалитетот забележани се асфалтирани улици, на кои се надоврзуваат земјени улици или патеки за пристап до парцели. Предметната локација се наоѓа на југозапад од Прилеп на 22,40 km, а пристапот е преку асфалтен пат. Главна сообраќајна врска е влезно – излезен правец кој се јавува во југоисточниот дел од опфатот, а кој се поврзува со магистралниот пат А3 преку локален асфалтен пат кој минува преку селото Тополчани и Тројкрсти а е одделен од магистралниот пат кај клучката Тополчани.
Планскиот опфат го опфаќа селото Чепигово, на подрачјето на КО Чепигово во Општина Прилеп.
Границата на планскиот опфат на Урбанистички план за село Чепигово со разработка на блок 1, Општина Прилеп, со површина од 12,24 ха, е дефиниран со следните граници:
- на север границата се движи по осовината на КП691,КП690, КП689, КП688, КП 687, КП686, КП685, КП684, КП683, КП682, КП681, КП679, КП678, КП284/1, КП276 КП278, минува низ мал дел од КП284/1,од каде продолжува по нејзините границите надоврзувајќи се на границите на КП280/2, КП280/1, КП283
- на исток продолжува по границата на КП283 од каде минува низ КП1049/1, границата продолжува по граници на КП394/1, КП394/3, оттука минува низ КП394/1,продолжувајќи по границите на КП395/2, КП395/1, при тоа ги сече КП394/2, 394/1 и КП1048 од каде продолжува да се движи по нејзините граници и границите на КП567, КП567/6, КП567/2, КП569, КП570, минува низ КП571, од каде се движи во правец кон југ по КП666
- на југ границата продолжува по границите на КП666, КП665, КП716/1, КП716/2, КП715, КП713, КП711, КП710, КП711, КП710, КП708, мал дел од КП737, притоа минува низ истата, од каде продолжува по границите на КП707 од каде се движи во правец кон запад минувајќи низ 1049/1
- на запад продолжува по границата на КП694
Општина Прилеп за н.м Чепигово има донесено Општ акт со Одлука бр. 07-12/1 од 06.03.2001 година , но истиот не е усогласен во утврдените рокови со чл.78 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.51/05) и чл.46 од Законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ бр.137/2007) , а просторот опфатен со истиот се смета за простор вон плански опфат.
Подрачјето на планскиот опфат е на територија на Општина Прилеп.
Јавната анкета и јавната презентација по УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ЧЕПИГОВО СО РАЗРАБОТКА НА БЛОК 1, ОПШТИНА ПРИЛЕП ќе се спроведе со излагање на Предлог Планот во просториите на Општина Прилеп.
Јавната анкета ќе трае 8 работни денови од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 22.11.2023 година до 01.12.2023 година секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретно подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден
27.11.2023 година, понеделник, во 12:00 часот во просториите на Општина Прилеп.
ГРАДОНАЧАЛНИК,
На Општина Прилеп
Борче Јовчески
_______________________