Се организира јавна презентација и јавна анкета по предлог УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО БОНЧЕ

Бр. ___________

од ___.___.2023 год.

Прилеп

 

 

Врз основа на член 35 став 1 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 93 од Законот за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РСМ 32/20) и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (Сл. Весник на РМ бр. 5/02), член 26 од Статутот на Општина Прилеп, Градоначалникот на Општина Прилеп донесе:

СООПШТЕНИЕ

Се организира јавна презентација и јавна анкета по предлог УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО БОНЧЕ СО РАЗРАБОТКА НА БЛОК 2, ОПШТИНА ПРИЛЕП

Опис на планскиот опфат:

Планскиот опфат го опфаќа селото Бонче, на подрачјето на КО Бонче во Општина Прилеп. С. Бонче е ридско планинско село на надморска висина од 780.00 мнв во Општина Прилеп, која се наоѓа во североисточниот дел Пелагонискиот регион. Селото Бонче, КО Бонче се наоѓа јужно од градот Прилеп опкружено со атарите на селата Штавица од север, Кален и Крушевица од исток, Лопатица и Подмол од југ и Марул од запад. Предметната локација се наоѓа на јужно од Прилеп на 17,60 km, а пристапот е преку асфалтен и земјен пат. Во с. Бонче се пристигнува преку Магистралниот пат А3 Прилеп-Битола, клучката кај Ново лагово и Регионалниот пат Р1107 Прилеп – Витолиште од кој се одделува делумно земјен пат, а во селото се влегува од североисток.

 

Планскиот опфат за предметниот Урбанистички план за село Бонче со разработка на блок 2, КО Бонче, Општина Прилеп, со површина од 24.14 ха, е дефиниран со следните граници:

  • на исток границата ги сече КП670 и 916/1(пат), потоа продолжува по границата на парцела 673, па ги пресекува парцелите 673, 2983 (пат) и 674, потоа продолжува да се движи делумно по границата на катастарска парцела 680, па ја пресекува КП 2981 (река) и КП 682/1, 682/2, 2984 (пат), 838, 848, 837, делумно се движи по границата на КП 835/2
  • на југ границата ја сече КП834 (пат), 833/1, 2999(пат), 779, 2985 (река), 820/3, потоа продолжува да се движи по границите на КП 821, 816, 817, 818 и 815, потоа ја пресекува КП 1449 (пат), па продлжува по границата на парцела 1428, па ја пресекуа КП 3005(река), па продолжува по границата на парцела 1417, па ги пресекува КП 1415 и 1413, па се движи по границите на парцелите 1341 и 1410, па ја пресекува парцела 3004 (пат), потоа продолжува по границите на КП 1346 (пат)и 1334 (пат), па ги пресекува КП 3002 (пат), 1332 и 1249 (пат)
  • на запад границата се движи по границата на КП 1331/1, па ги пресекува КП 1328 и 3000 (пат), потоа се движи делумно по границата на КП 2985 (река) па по границата на парцела 1274, па ја пресекува КП 2998 (пат),
  • на север границата се движи по границите на КП 964, 963/1(пат), па ги сече парцелите 2983 (пат) и 966, потоа продолжува по границите на КП 967/1, 968, 971, па ги пресекува КП 982, 983/2, 983/1, потоа продолжува по границата на парцела 986/1, па ги пресекува катастарските парцели 1 и 972 (пат), потоа продолжува по границата на КП 980 од каде што и започна опфатот.

 

За конкретниот плански опфат, нема претходна планска документација.

Подрачјето на планскиот опфат е на територија на Општина Прилеп.

 

Јавната анкета и јавната презентација по УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО БОНЧЕ СО РАЗРАБОТКА НА БЛОК 2, ОПШТИНА ПРИЛЕП ќе се спроведе со излагање на Предлог Планот во просториите на Општина Прилеп.

Јавната анкета ќе трае 5 работни денови од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 22.11.2023 година до 01.12.2023 година секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретно подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 27.11.2023 година, петок во 12:00 часот во просториите на Општина Прилеп.

 

ГРАДОНАЧАЛНИК,

На Општина Прилеп

Борче Јовчески

_______________________