ОПШТИНА ПРИЛЕП
ОБЈАВУВА
Барање за Б – интегрирана еколошка дозвола
Согласно член 124 став 1 од Законот за животна средина (Сл. весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и 89/22), до Градоначалникот на Oпштина Прилеп доставено е барање за издавање на Б–интегрирана еколошка дозвола бр.10-1805/1 од 22.08.2023 година.
Подносител на барањето:
МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД Прилеп
Адреса: ул.„Леце Котески“ бр.60А Прилеп
Категорија на инсталација:
Прилог 2, Точка 3 – Индустрија на минерали, Подточка 3.2 Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини, доколку не се опфатени со Прилог 1 (Сл.весник на РМ бр.89/05).
Барањето за Б – интегрирана еколошка дозвола во печатена форма, ќе биде достапно на заинтересираната јавност во рок од 15 дена во просториите на:
Општина Прилеп
Ул.Прилепски бранители бр.1
Секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот
Одделение за урбанизам и заштита на животна средина
Ве информираме дека Барањето за Б–интегрирана дозвола ќе биде достапно и во електронска форма на официјалната web страница www.prilep.gov.mk на Општина Прилеп.
Сите засегнати правни и физички лица може да достават писмен коментар во однос на поднесеното барање за Б-ИЕД. Коментарите треба да се достават до Одделението за урбанизам и заштита на животната средина во Општина Прилеп на горе наведената адреса во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Барањето за БИЕД .
Општина Прилеп
Градоначалник Борче Јовчески
Барање Б дозвола Сивец Општина Прилеп објавува Барање за Б-ИЕД