Градоначалникот на Општина Прилеп Согласно член 107 став 13, а во врска со член 122 став 4 од Законот за животна средина (Сл. весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и 89/22) ја издава следната:
О Б Ј А В А
на нацрт Б – интегрирана еколошка дозвола
Согласно член 124 став 1 од Законот за животна средина (Сл. весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и 89/22), до Градоначалникот на Општина Прилеп доставено е барање за издавање на Б-интегрирана еколошка дозвола заведено со деловоден број 10-1697/1 од 04.08.2023 год.
Подносител на барањето:
ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА АД Прилеп
Адреса на локацијата: ул.„ Цане Кузманоски “бр.1 Прилеп
Категорија на инсталација:
Прилог 2, Точка 6 – Останати активности, подточка 6.3.б Обработка и преработка наменети за производство на храна, алинеја 2- растителни суровини, со капацитет на производство на готови производи од 30 до 300 t/ден (просечна вредност на квартална основа).
Нацрт Б–интегрираната еколошка дозвола во печатена форма, ќе биде достапна на заинтересираната јавност во рок од 14 дена во просториите на:
Општина Прилеп
Ул.Прилепски бранители бр.1
Секој работен ден во работно време
Секторот за урбанизам, комунални работи и заштита на животна средина
Ве информираме дека нацрт Б – интегрираната еколошка дозвола ќе биде достапна и во електронска форма на официјалната web страница www.prilep.gov.mk на општина Прилеп.
Општина Прилеп Градоначалник Борче Јовчески
Нацрт дозвола – ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА Општина Прилеп објавува Нацрт Б-ИЕД