Врз основ на член 14 од Правилникот за доделување стипендии на студенти од Општина Прилеп бр. 09-2844/5 од 23.08.2023 година и врз доставената ранг-листа на апликанти кои ги исполниле условите за добивање на стипендии бр.03-3040/3 од 21.09.2023 година од страна на Комисија за општествени дејности и заштита на правата на децата, Градоначалникот на Општина Прилеп ја донесе следната:
ОДЛУКА
за доделување на стипендии на студенти на Економски факултет Прилеп, жители на Општина Прилеп за една академска годинa
член 1
Врз основ на доставената ранг-листа на апликанти кои ги исполниле условите за добивање на стипендии бр.03-3312/2 од 12.10.2023 година од страна на Комисија за општествени дејности и заштита на правата на децата, студенти кои добиваат стипендија на Економски факултет за една академска година се:
- Мартин Димоски
- Давид Дебрешлиоски
- Стефан Гиноски
- Леона Петреска
- Ева Рипилоска
Член 2
Градоначалникот на Општина Прилеп ќе склучи посебен Договор со студентите за користење стипендија, во кој подетелано ќе се уредат начинот и условите на користење на стипендијата.
Член 3
Оваа одлука за доделување на стипендии на студенти на Економски факултет Прилеп, влегува во сила веднаш а истата ќе се објави на веб-страната на Општина Прилеп.
Градоначалник на општина Прилеп
Борче Јовчески
ОДЛУКА за доделување на стипендии на студенти на Економски факултет Прилеп