Од понеделник 17.07 до четврток 20.07.2023 во периодот од 22 до 05 часот на територијата на општина Прилеп екипа од Центарот за јавно здравје – Прилеп, ќе ја спроведува втората фаза од адултицидната теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарци.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите урбани заедници во градот Прилеп како и во населените места, а ќе се изведува со УЛВ-апаратура за ладно замаглување поставена на пикап возило со претходница на друго возило означено со ротационо светло.
Во случај на неповолни временски услови дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.